Со гордост објавуваме дека нашите млади развигорци го освоија третото место на натпреварот „Извидниците за својот град“ што се одржа на 16 ноември 2024 година!
Овој успех е резултат на нивната посветеност, тимска работа и искрена љубов кон извидништвото. Настанот беше исполнет со предизвици, забава и нови искуства, а нашите млади претставници уште еднаш покажаа дека заедничките напори секогаш носат одлични резултати.
Честитки за развигорците и благодарност за нивниот труд! Продолжуваме да ја градиме извидничката приказна со уште повеќе победи и авантури!