ИПО Јадран Скопје Го Избра Новиот Началник

Со одлука на старешинството на ИПО Јадран Скопје од 08.12.2024 година, за нов началник на ИПО Јадран Скопје е поставен:
Андреј (Антонио) Антов, досегашен заменик началник.

Андреј Антов е роден на 15.03.2003 година во Скопје. Член на ИПО Јадран Скопје е од 18.10.2015 година. Основното и средното образование ги завршил во Скопје, а моментално е студент од трета година на Електротехничкиот факултет во Штип.

Тој има завршено повеќе школи и семинари за раководење, е неколкукратен извидник на годината на ИПО Јадран Скопје и извидник на годината на СИМ за 2023 година. Учествувал на републички натпревари во ориентација и како водач на екипа има освоено две први места во 2023 и 2024 година. Исто така, учествувал на повеќе смотри, меѓу кои и две светски смотри на извидници во Америка и Јужна Кореја.

Во име на старешината, старешинството, собранието и многубројното членство, му честитаме на началникот Андреј Антов за унапредувањето во кариерата. Му посакуваме успешно раководење со ИПО Јадран Скопје, добро здравје и среќа.

Извиднички поздрав: Здраво и биди подготвен!

Сподели ја објавата:

Поврзани објави

mk_MKMK