Гордо стоиме на прозорецот на победите! Нашиот тим од ИПО Јадран Скопје го освои третото место на натпреварот „Дани пријатељства“, што се одржа од 13 до 15 септември 2024 година во Вареш, Федерација БиХ.
Настанот беше исполнет со дружба, предизвици и многу позитивна енергија. Нашиот тим со својата посветеност и извонредни вештини уште еднаш покажа дека сме меѓу најдобрите.
Им честитаме на сите членови на тимот за нивниот труд и успешното претставување на нашата организација. Со нетрпение очекуваме нови предизвици и уште повеќе успеси!
Продолжуваме да градиме мостови на пријателство и да го славиме извидничкиот дух!