ИПО Јадран – Скопје доби нов старешина и ново раководство

Почитувани,

На редовното годишно и изборно собрание беше избран нов старешина на одредот за наредниот двегодишен мандат. Честа и одговорноста да ја води организацијата му беше доверена на:

  • Мирчески Христијан

 

Мирчески Христијан е роден во Скопје на 04.05.1975 година. Во извидничките редови на ИПО Јадран – Скопје се зачленува во 1985 година како развигорец во посадата „Колибри“ при ООУ „Свeти Кирил и Методиј“ – Скопје.

Во четириесет години активно и континуирано членство, бил носител на повеќе раководни функции во одредот и во Сојузот. Има завршено повеќе извиднички школи, меѓу кои и Инструкторската школа од прв степен. Учествувал на бројни републички, европски и светски смотри.

Покрај извидничката активност, Мирчески е дипломиран машински инженер. Оженет е и татко на три деца.

Од името на сите јадранци му посакуваме успешен мандат и плодотворна работа на функцијата старешина на одредот.


Избрани членови на органите за новиот мандат

Старешинство

  • Андоновски Васе

  • Божовиќ Ненад

  • Бошковски Валентин

  • Бошковски Огнен

  • Димитриевски Борис

  • Костовски Владимир

  • Стојановски Миќо

  • Тодороски Дончо

Надзорен одбор

  • Митрова Евгенија

  • Петровски Бранко

  • Тодороска Маријана

Сподели ја објавата:

Поврзани објави

mk_MKMK