ИПО Јадран – Скопје доби нов старешина и ново раководство

Почитувани, На редовното годишно и изборно собрание беше избран нов старешина на одредот за наредниот двегодишен мандат. Честа и одговорноста да ја води организацијата му беше доверена на: Мирчески Христијан Мирчески Христијан е роден во Скопје на 04.05.1975 година. Во извидничките редови на ИПО Јадран – Скопје се зачленува во 1985 година како развигорец […]
Одредска слава – Св. Климент Охридски

Со голема чест и радост денес го прославуваме празникот на нашиот одред – Св. Климент Охридски. Овој ден има посебно место во нашето срце, бидејќи нè потсетува на мудроста, посветеноста и вечната инспирација што ни ја остава делото на овој исклучителен македонски просветител. Како извидници, се водиме според неговите вредности – стремеж кон знаење, упорност, […]
Јадранци на ДИОН 2025 – авантура исполнета со дух и успеси

Овогодинешниот Државен Извиднички Ориентационен Натпревар – ДИОН повторно им донесе огромна гордост на Јадранци. Нашите екипи тргнаа по предизвикувачките стази со јасна цел – да покажат знаење, упорност и вистински извиднички дух. Секој чекор, секој свиок и секој компасен правец беше дел од авантура што не’ научи на доверба, тимска работа и истрајност. На натпреварот […]
MOOT25 – Јадранци во големата авантура во Португалија

Голем број извидници од Македонија – меѓу кои и нашите Јадранци – учествуваа на MOOT25 во Португалија, светски собир кој го собира духот на авантурата, учењето и пријателството од целиот свет. Настанот започна со „Paths“ фазата, каде секоја патрола тргна по своја патека низ земјата – некои започнуваа од едни градови, други од други локации. […]
Летен камп 2025 – Јадранци во Булјарица, Црна Гора

Овој летен камп беше вистинска авантура за сите! Јадранците повторно организираа бројни игри, активности и забавни предизвици, а овојпат кампот беше отворен и за деца кои не се извидници, кои имаа можност да доживеат дел од извидничкиот дух и да се вклучат во забавата. За време на кампот уживавме во прошеќки до Будва, Сутоморе и […]
Меморијал „Марко Грорковски“ – ИПО Јадран

Секоја година Јадранците го организираат меморијалот „Марко Грорковски“, посветен на еден од нашите најпосветени извидници, човек кој со својата енергија, храброст и љубов кон извидништвото остави траен печат кај сите нас. Главната активност е натпреварот по ориентација. Учесниците, подготвени како вистински тимови, се впуштаат во теренска авантура низ шумите и патеките, користејќи карта и компас […]
Меморијал „Марко Граорковски“ – 25-27 април 2025

📍 Локација: Извиднички Истражувачки Центар – ЈАДРАН, с. Катлановска Брезица (Google Maps)📅 Датум: 25 – 27 април 2025📝 Рок за пријавување: 17.04.2025💰 Котизација: 600 денари🚌 Организиран превоз од Скопје По 52-ри пат, ИПО Јадран – Скопје со гордост го организира Меморијалот „Марко Граорковски“, најтрадиционалниот извиднички настан во Македонија.Настанот е отворен за категории:– Извидници (11–14 години)– […]
33 саем на колекционери во Белград, 07-09.03.2025!

Претставници од нашиот извиднички одред ИПО Јадран учествуваа на 33. Саем на колекционери во Белград, кој се одржа од 07 до 09 март 2025 година. Нашиот тим, составен од: Андреј Антов, Марко Бојаровски, Давид Наумовски и Марио Неделковски, имаше можност да разменува искуства, да разгледа уникатни колекции и да се поврзе со колекционери од целиот […]
Летен Камп 2025

Повеќе информации на следниот линк: https://ipojadran.mk/summer-camp-2025
Зимување 2025 – авантура на Јадранци исполнета со учење и другарство

Оваа зима Јадранци повторно ја донесоа топлината на извидничкиот дух, иако надвор владееше студ! На зимувањето 2025, кое внимателно го организиравме со љубов и посветеност, младите извидници ја покажаа својата упорност, љубопитност и желба за напредок. Во текот на неколкуте денови исполнети со активности, се полагаа нови вештарства, се стекнуваа корисни и практични знаења, а […]