Овој летен камп беше вистинска авантура за сите! Јадранците повторно организираа бројни игри, активности и забавни предизвици, а овојпат кампот беше отворен и за деца кои не се извидници, кои имаа можност да доживеат дел од извидничкиот дух и да се вклучат во забавата.
За време на кампот уживавме во прошеќки до Будва, Сутоморе и Петровац, откривајќи ги убавините на Црногорското приморје, а секој ден завршуваше со релаксација на плажа, сонце, море и заеднички моменти со новите пријатели.
Овој летен камп не беше само за учење и игри – тој беше место каде што се создаваат пријателства, се споделува радост и се ужива во секој миг, без разлика дали си извидник или нов учесник во авантурата.

