Почитувани,
На редовното годишно и изборно собрание беше избран нов старешина на одредот за наредниот двегодишен мандат. Честа и одговорноста да ја води организацијата му беше доверена на:
- Мирчески Христијан
Мирчески Христијан е роден во Скопје на 04.05.1975 година. Во извидничките редови на ИПО Јадран – Скопје се зачленува во 1985 година како развигорец во посадата „Колибри“ при ООУ „Свeти Кирил и Методиј“ – Скопје.
Во четириесет години активно и континуирано членство, бил носител на повеќе раководни функции во одредот и во Сојузот. Има завршено повеќе извиднички школи, меѓу кои и Инструкторската школа од прв степен. Учествувал на бројни републички, европски и светски смотри.
Покрај извидничката активност, Мирчески е дипломиран машински инженер. Оженет е и татко на три деца.
Од името на сите јадранци му посакуваме успешен мандат и плодотворна работа на функцијата старешина на одредот.
Избрани членови на органите за новиот мандат
Старешинство
-
Андоновски Васе
-
Божовиќ Ненад
-
Бошковски Валентин
-
Бошковски Огнен
-
Димитриевски Борис
-
Костовски Владимир
-
Стојановски Миќо
-
Тодороски Дончо
Надзорен одбор
-
Митрова Евгенија
-
Петровски Бранко
-
Тодороска Маријана

